Search

Mнозинството од Советот одлучи: Платата на градоначалникот Стојкоски се зголеми за 78 отсто

Со 12 гласа ЗА и 11 гласа против Советот на на вчерашната седница ја усвои Одлуката за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Ѓорче Петров за 2023 година.

Тоа практично значи и зголемување на платата на градоначалникот Александар Стојкоски за 78 отсто, односно тој сега ќе добива плата повисока за околу 45.000 денари.

Одлуката со која се зголеми платата на Стојкоски не беше објавена ниту на сајтот на општината, ниту пак на неговиот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Инаку седницата на Советот се одржа во новата општинска зграда каде од неодамна се пресели општинската администрација, факт што исто така не беше споделен јавно, па неколку денови граѓани бадијала одеа во стариот објект на општината.

Треба да знаете
Последни објави