Search

Макрон ја прозва Приштина дека е одговорна за немирите на северот во Косово

Францускиот претседател Емануел Макрон во Братислава каде се одржува безбедносниот форум „Глобсек 2023“ порача дека Приштина е одговрна за немирите кои се случија на северот во Косово. Макрон се надева дека наскоро ќе договори средба со германскиот канцелар Олаф Шолц и лидерите од Белград и Приштина, пренесе Ројтерс.

Макрон на прес-конференција во Братислава изјавил дека властите во Приштина треба да понесат одговорност за немирите кои како што можел да воочи нагло се зголемиле откако албанските градоначалници ја презеле должноста во општините на северот во Косово, каде мнозинство од населението се Срби.

Треба да знаете
Последни објави