Search

Камион паднал од мост во Вардар кај Зелениково

Денеска околу 18:00 часот, товарно возило движејќи се на регионалниот патен правец с.Зелениково-с.Таор изгубило контрола ја пробило оградата и паднало во реката Вардар. Градоначалникот на општина Зелениково со своите соработници се излезени на терен и направиле соодветно одбележување на оштетениот мост кој претставува потенцијална опасност за движење на возилата и пешаците кои поминуваат низ него.

Од страна на секторот за операции и координација во координација со Градоначаникот на општина Зелениково известени се ЈП за оддржување на магистралните и регионалните патни правци се со цел за превземање на мерки и активности во нивната надлежност, посочено им веданаш да излезат на местото на настанот да постават соодветно одбележување и сигнализација, а во најкраток можен рок да извршат санација на оштетената ограда се со цел да не дојде до несакни последици врз возилата и населението.

Екипата на ЈП за оддржување на магистралните и регионалните патни правци во моментот се на терен, вршат увид и постапуваат соодветно нивните надлежности.

Треба да знаете
Последни објави