Во Македонија нема недостиг на „амоксиклав“

Првиот човек во здравството, Фатмир Меџити денеска информира дека нема недостиг на лекот „амоксиклав“.

-Некој кажал дека нема, тоа можеби е индивидуално. Во регионалните земји го има, можеби тие имале некои резерви. Кај нас, се слушнав со директорот на „МАЛМЕД“, беше и кај мене и во моментов не постои таков проблем. Снабдени сме со „амоксиклав“ и го има во моментов. Во иднина транспарентно ќе ви кажеме кога ќе има проблем на ниво на светот, за да немаме и ние проблеми со медиумите и пациентите, изјави Меџити, одговарајќи на новинарски прашања.

Треба да знаете
Последни објави