Search

Лажев дека сум бремена за да не ме убие, имаше две бомби во раката“, сведочеше девојката што ја киднапира масовниот убиец од Младеновац

Девојката што ја киднапира масовниот убиец од Младеновац лажела дека е трудна. Во Вишото јавно обвинителство во Смедерево на рочиштето таа рекла дека успеала да го убеди киднаперот Урош Б. дека е бремена, а тоа го направила кога во неговите раце видела две бомби.

Осомничениот за масакрот кај Младеновац на 5 мај кај Мали Пожаревац киднапирал такси и девојката во него откога уби 8 лица, а рани 14.

Урош Б. запрел таксист во близина на Мали Пожаревац. Потоа со закана со две бомби наредил да го одвезат до Вињиште кај Крагуевац. Таму бил вујко му кај кого се скрил по злосторството. Во автомобилот имало и трудница. Урош седнал на предното седиште, а во раката имал бомба. Потоа на таксистот му рекол дека ќе ја активира доколку не вози каде што му рекол.

Полицијата во соработка со Вишото јавно обвинителство во Смедерево ги уапси татко му Р.Б. и вујко му Г. Г. Тие се во притвор и за сите тројца се води постапка.

Треба да знаете
Последни објави