Search

Собранието ќе се конституира за 20 дена, инаугурацијата на Давкова в недела

Откако завршија изборите, течат роковите за приговори од учесниците, по што Државната изборна комисија ќе излезе со конечните резултати и распределбата на мандатите.

Според Уставот новоизбраниот собраниски состав се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори, а ќе ја свика претседателот на Собранието од претходниот состав.

Актуелниот спикер Јован Митрески ќе закаже седница за во недела, 12 мај, кога ќе биде и инаугурацијата на новиот претседател на државата а тоа ќе биде Гордана Силјановска Давкова.

Давкова како претседател на државата ќе го додели и мандатот до мандатарот кој ќе има рок од 40 дена да состави Влада која во Собранието мора да има поддршка од најмалку 61 пратеник за да биде изгласана.

Треба да знаете
Последни објави