Search

Фоњини го шокира Оже-Алијасим, Алкараз без проблеми го мина првото коло на Роланд Гарос

Првиот носител на Ролан Гарос, Карлос Алкараз тргна со убедлива победа над младиот Флавио Коболи од 3-0. Шпанскиот ас играше неполни два часа, за кои успеа да го исфрли 21-годишниот Италијанец кој пружи и малку отпор на „Сузан Ленглен“ во Париз. 

Алкараз тргна фуриозно, не му даде шанса на квалификантот и со три брејка и 6-0 дојде до водство. Слично беше и во вториот сет, шпанскиот фаворит успеа да одземе два противнички сервиси и со 6-2 ја удвои предноста (2-0). Коболи пружи отпор во третиот сет. Италијанецот дозволи еден брејк, но потоа спаси три меч-топки. Потоа Коболи успеа да врати брејк, ама немаше сили за изненадување па Алкараз со 7-5 го затвори мечот. 

За разлика од Алкарас, кој е предводник на новиот бран, човекот кој некогаш беше во таа улога, Австриецот Доминик Тим, беше елиминиран уште на стартот. Двократниот финалист на Ролан Гарос и шампион на УС Опен од 2020 година беше елиминиран од Аргентинецот Педро Качин (6:3, 6:2, 6:7, 4:6, 6:2).

Изненадувачки пораз претрпе Феликс Оже-Алијасим од Фабио Фоњини (0-3). Италијанскиот тенисер паѓа на АТП рангирањето одигра убедлив натпревар, успеа да не загуби ниту еден сет и го приреди првото изненадување во топ десет. 

Од останатите фаворити Ѓоковиќ одигра рутински, победуваа уште Де Минер, Нори, Шаповалов, Шварцман, Чориќ… 

Треба да знаете
Последни објави