Search

(Видео) Во Белград граѓаните и денеска се на протест под мотото „Србија против насилство“

Во Белград, иако времето не им е наклонето, по четврти пат се собраа илјадници граѓани на протест под мотото „Србија против насилство“, откако на почетокот на месецов се случија две масовни убиства. Во основното училиште „Владислав Рибникар“, 13-годишен ученик застрела девет деца и чуварот, а повредени се седум деца, додека во масакрот во Младеновац, загинаа осум, а ранети беа 14 лица.

Овојпат, протестот нема да се одржи на мостот Газела, туку планот на организаторите е да се направи обрач околу националната српска телевизија РТС, каде од јавниот сервис ќе побараат на вистински начин, непристрасно и одговорно да известува за проблемите на општество, масовните убиства, протестите и барањата на протестите, како и за начинот на кој можат да ја надминат оваа трагедија. Протестот ќе трае до 22 часот.

Во соопштението, организаторите ги повикаа граѓантие да донесат цвеќе и да го остават пред Собранието „за да покажат почит кон жртвите на масовните убиства и сочувство за семејствата и пријателите на починатите“.

Барањата на организаторите на протестот се:

-одземање на национални фреквенции од телевизии кои им служат на граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и Хепи ТВ;

-смена на сите членови на Советот на РЕМ, чиешто непостапување овозможило непречено ширење на омраза и насилство;

-затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот кодекс;

-замена на раководството на РТС;

-итно да се прекинат програмите што промовираат насилство, неморал и агресија на телевизија со национална фреквенција, како што се реалните шоуа;

Во Белград и вчера се протестираше. На собир беа граѓани кои ги повика владејачката Српска напредна партија (СНС) на митинг под мотото „Србија на надежта“, како одговор на протестите што ги организира опозицијата.

Треба да знаете
Последни објави