Search

Седум лица уапсени поради расистичките навреди кон Винисиус

Шпанските медиуми пишуваат дека седум лица се уапсени поради расистичките навреди упатени кон Винисиус Жуниор.

Четири лица биле приведени во Мадрид, затоа што во јануари на мост закачиле кукла облечена во дресот на Винисиус. Инцидентот со куклата се случи во пресрет на градското дерби помеѓу Реал и Атлетико Мадрид во Купот на кралот. Покрај куклата беше поставен и транспарент со натпис „Мадрид го мрази Реал“. Тројца се уапсени во Валенсија затоа што постојано го навредувале Бразилецот на мечот меѓу Реал Мадрид и Валенсија.

Полицијата интервенира по големиот притисок на јавноста, а дури и претседателот на Бразил кажа дека е загрижен поради тоа што се случува во Шпанија.

Треба да знаете
Последни објави