Search

Им помагал на патки да ја преминат улицата, па го прегазила тинејџерка

Маж од Калифорнија загинал откако во него удрил автомобил, а непосредно пред несреќата им помогнал на патки да го преминат патот, јавува Си-Ен-Ен.

Кејси Ривара излегол од своето возило и им помогнал на патките да го преминат патот пред да го удри тинејџерка во Роклин, околу 25 милји североисточно од Сакраменто, соопшти полицијата.

Еден сведок, Самер Петерсон, изјави за локалното дописништво на CBS News дека нејзините деца биле сведоци на судирот.

„Рекоа: Тоа е толку слатко. Тоа е толку убаво од него. А потоа наеднаш го удри автомобил“, раскажува таа.

Луѓето оставиле цвеќиња и гумени патки на местото на несреќата.

„Сакаме да изразиме благодарност до сите вас за убавите пораки и сочувство. Навистина е убаво да се слушне како Кејси има позитивно влијание врз вашите животи и ние сме исклучително благодарни за тоа“, изјави неговата сопруга Енџел Чоу.

Полициската управа Роклин соопшти дека нема уапсени и инцидентот останува под истрага.

Возачот најверојатно нема да се соочи со кривична пријава, изјави полицискиот капетан на Роклин, Скот Хорило, за NBC News.

Треба да знаете
Последни објави