Search

(Фото) Две деца на мотор настрадаа во судир со автомобил во Кисела Вода

Две деца се тешко повредени откако моторот на кој се возеле се судрил со автомобил, вечерва во Кисела Вода, дознава 24Инфо.

Сообраќајната несреќа се случила околу 23 часот на крстосницата од булевар Борис Трајковски со улица Есенинова.

Според очевидци, двете деца се на возраст од 15 и 13 години и се од Усје. Тие се пренесени во болница.

Полицијата врши увид во моментов.

Треба да знаете
Последни објави