Search

Османи утре на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе престојува на работна посета на Брисел, каде што заедно со неговите колеги од регионот ќе учествува на Советот за надворешни работи на Европската Унија, посветен на Западен Балкан. 

Покрај учеството на сесијата, Османи ќе оствари средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, како и бројни средби со колеги од регионот и земјите членки на Унијата, соопшти МНР.

Треба да знаете
Последни објави