Search

На Јувентус пак ќе му бидат одземени бодови

Само што се консолидираше, следува нов удар за Јувентус. Според италијанските медиуми, „старата дама“ е пред ново одземање на бодови.

Сојузниот апелационен суд на Италија во понеделник напладне ќе има ново рочиште во врска со скандалот поврзан со незаконското стекнување капитална добивка на клубот од Торино, поточно надувувањето на цените на поединечните фудбалери, за да се „испеглаат“ сметководителските книги и избегнување санкции согласно правилникот за фер-плеј.

Како што е познато, поради ова на Јувентус му беа одземени 15 бода, кои потоа му беа вратени, но сега им се заканува нова загуба од 12 бода, пренесува „Коријере дело спорт“.

Доколку тоа се случи, „старата дама“ би паднала на осмото место и би имала 57 бода.

Во таа ситуација Лигата на шампионите и Лига Европа би биле недостижни.

Треба да знаете
Последни објави