Search

Лидерите на Г7 ветија 21 милијарда долари за справување со глобалните хуманитарни кризи

Лидерите на Г7 ветија 21 милијарда долари за справување со глобалните хуманитарни кризи. Тие објавија соопштение во кое наведуваат дека ја преземаат таа обврска.

Меѓутоа, по објавувањето на документот, хуманитарни организации упатија критики. Макс Лосон од Оксфам рече дека лидерите на Г7 можат да најдат милијарди за да водат војна, но не можат да обезбедат ниту половина од тоа што им е потребно на ОН за справување со најитните хуманитарни кризи.

Хуманитарните организации велат дека расположливите средства се оскудни не само поради хуманитарната помош за Украина и украинските бегалци, туку и поради значителните трошоци за испораките на оружје.

Во соопштението, лидерите на Г7 ветија дека ќе обезбедат 21 милијарда долари за справување со хуманитарните кризи оваа година, вклучително и одговор на итната криза со храна.

ОН велат дека им се потребни 55 милијарди долари за справување со кризите.

Треба да знаете
Последни објави