Search

Вајт: Нгану не сакаше да ризикува против Џонс бидејќи знаеше дека ќе помине како Гане

Голем број на познати ММА личности јавно го коментираа заминувањето на Камерунецот Френсис Нгану во ПФЛ. Реакциите се главно позитивни и многумина веруваат дека тоа ќе го поттикне Френсис Нгану да направи одредени промени. Сепак, мислењето кое најмногу го чекавме е на Дејна Вајт, претседателот на УФЦ.

Нгану го напушти УФЦ на почетокот на годината откако не постигна договор со УФЦ за продолжување на договорот. Френсис сметаше дека УФЦ не му дава доволно слобода и бараше повеќе права во организацијата. Челниците на УФЦ не подлегнаа на притисокот на борецот кој тогаш беше нивни шампион во тешка категорија, но беа подготвени добро да го платат.

Според Вајт, Нгану требало да стане најплатениот тешкаш во историјата на УФЦ, но тој ја одбил понудата.

Сега кога Нгану конечно одлучи каде ќе ја продолжи кариерата и ја избра ПФЛ, Вајт на денешната прес-конференција имаше можност да го коментира потегот на борецот кој ги напушти на почетокот на годинава.

-Судејќи според она што го знам за тој договор, а не знам многу, тој договор нема никаква смисла. Ќе му платиш на дечкото да не се тепа една година, а веќе поминаа 14 месеци од неговата последна борба. Во последните три години се бореше три пати. На крајот на денот го отпуштивме. Знаев точно што ќе се случи. Френсис не сака да ризикува и не беше подготвен да ризикува против Џон Џонс. Откако видов што се случи со Сирил Гане на мечот со Џонс, не го обвинувам Нгану. Мислам дека исходот би бил ист и сигурен сум дека повеќето од вас мислат така, како и самиот Френсис, изјави Вајт во стилот на боксерските промотери кои не се двоумат да даваат такви изјави.

Треба да знаете
Последни објави