Search

Борусија Дортмунд е на чекор од шампионската титула во Германија

Борусија Дортмунд го искористи вечерашниот подарок од РБ Лајпциг кој го изненади Баерн во Минхен (1:3) и денеска со триумф како гостин против Аугсбург (3:0) на едно коло пред крајот во фудбалска бундеслигашката конкуренција го запоседна врвот со реални шанси да ја освои шампионската титула по пауза од единаесет години.

Скоро 30 удари испрати избраниците на Терзиќ на овој меч со тоа што „само“ три завршија во мрежата на домашниот голман Коубек. 

Борусија сега има 70 бода, два повеќе во однос на второпласираниот Баерн. „Жолто-црните“ во завршната рунда го пречекуваат Мајнц, додека „баварците“ му гостуваат на Келн.

Треба да знаете
Последни објави