Search

Њујорк заинтересиран за Ембид

Новинарот на „The New York Daily News“, Стефан Бонди, објави информација дека Њујорк никс е заинтересиран да го купи центарот на Филаделфија, Џоел Ембид.

– Во текот на втората половина од сезоната, слушав дека е можен трансфер на Џоел Ембиид во Њујорк никс. И елиминацијата на Филаделфија од плејофот само го зацврсти ова убедување, пишува Бонди.

Филаделфија загуби од Бостон селтикс во НБА-плејоф серијата од второто коло со 3-4 во победи. 

За време на серијата со Селтикс, Ембид беше официјално прогласен за МВП на сезоната 2022/23 во НБА-лигата. 

Треба да знаете
Последни објави