Search

Сајкоски: Со оваа неспособна власт, Македонија се иселува, од 720.000 денес имаме само 690.000 вработени

„Денес нашиот тим е во посета на населените места Жировница, Ростуше и Требиште. Од разговорите со граѓаните тук може да се заклучи дека овој крај е иселен. Ако во минатото луѓето се иселувале од тука од економски причини, денес се иселуваат поради неправдите, притисоците и криминалот што тука се случува”, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски при теренската активност на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Ова е Македонија за сите”.

Сајкоски додаде дека голем број од жителите укажаа дека Општината Маврово Ростуше, градоначалникот, но и јавните претпријатија управувани од локалната власт на ДУИ и СДСМ изминатиот период ништо не сработија, ниту за општината Маврово Ростуше, а ниту за населените места.

„Освен непотизмот, криминалот, корупцијата, и притисоците кои што континуирано се вршат врз граѓаните тука, нема ништо. Можам да истакнам дека Македонија од пример во регионот стана потсмев во регионот. Покрај тоа што не работи локалната власт управувана од СДСМ и ДУИ, не работи ништо ниту централната власт”, укажа Сајкоски.

Тој посочи дека во изминатиот период наместо да се зголемува бројот на вработени на ниво на Република Македонија, има податок дека се намалува бројот на вработени при што од пред неколку години од  720.000 вработени денес има само 690.000 вработени. Неработата, криминалот, корупција е одлика на оваа власт и локална и централна.

„Ние се обврзавме пред граѓаните и тука, и секаде каде што ги посетуваме населените места дека во нашата држава мора нешто да се смени. Ветуваме дека ќе направиме сериозен план и стартегија и за Маврово Ростуше и за цела Македонија. Со план со кој ќе го подобриме животот и ќе дадеме надеж на младите генерации дека во нашата држава може да се живее, може да се развиваат нашите деца”, порача Сајкоски.

Тој дури рече дека секој онојкој што направил зло, или се огрешил ќе одговара пред словото на правдата.

Треба да знаете
Последни објави