Search

Лајпциг го шокираше Баерн во Минхен, Борусија на чекор до титулата

Влогот беше огромен, Баерн да не ја заврши сезоната без трофеј, а Лајпциг да се пласира во Лигата на шампионите… Епилог, неверојатен! Десеткратниот последователен шампион на Германија беше понижен на „Алијанц Арена“ со фантастичниот настап на Лајпциг во вториот дел – 1:3.

И водеа домаќините, со голот на Серж Гнабри во 25. минута се чинеше дека Баварците се упатуваат кон нова рутинска победа. Избраниците на Томас Тухел не ги загрижија неколкуте добри напади на гостите по примениот гол, сигурен во тие ситуации беше Јан Зомер.

И продолжението им припадна на гостите, ја презедоа средината и се обидоа, но им недостигаше присебност и завршно додавање. Тоа се случи во 65. минута, но топката среќно се одби до Лајмер, кој не се двоумеше – од 13 метри ја закова топката под гредата.

Се очекуваше офанзива од Баерн, но гостите беа тие кои со гол добија крила. Имаше шанси пред голот на Зомер, Нкунка не погоди ниту зицер, но за пресврт се погрижи Бенџамин Павар. Тој го собори Нкунку, кој ја презеде одговорноста и погоди од белата точка во 76. минута.

Истата слика беше забележана и по пресвртот, гостите беа поконкретни, побрзи, подинамични и Мазрауи играјќи со рака направи нов пенал, кој Доминик Собослаи го искористи за да ја потврди победата во 86. минута.


Токму Павар во 90-та промаши гол, поточно шутираше директно во голманот од 10 метри, па Лајпциг првпат ја освои Алијанц Арената и пласман во Лигата на шампионите.

Сега Борусија е на само чекор од титулата во Бундес лигата и сама од себе зависи во борбата за титулата. Баварците имаат 68 поени, а Борусија еден бод помалку и натпревар помалку. На Баерн му останува само да се надева дека соседите од Аугсбург ќе им помогнат и утре ќе ја сопрат Борусија Дортмунд, па шампионот дагоодбранитрофејот во наредното, последно коло.

Треба да знаете
Последни објави