Search

Гинисов рекорд: Боби, најстарото куче на светот го прослави 31 роденден

Боби, најстарото куче на светот, минатата недела го прославило својот 31 роденден, објавиле „CNN“.

Ова куче влегло во Гинисовата книга на рекорди во февруари, а неговиот сопственик Леонел Коста изјавил дека прославата на 31 роденден на Боби била „многу традиционална“. Биле поканети повеќе од 100 луѓе, кои ги забавувала танчерска група. Од кога ја добил титулата, Боби привлекувал сè повеќе внимание. Тој е во добра здравствена состојба и пoкрај годините, редовно одел на прегледи, но сопственикот бил загрижен поради стресот кој му го предизвикувале многубројните посетители. „Луѓето се фотографираа, а тој мораше многу пати да стане и да седне. Не му е лесно“, изјавил Коста.

„Тајната“ на долговечноста на ова куче е во мирната средина во која живее. Покрај тоа што е најстарото живо куче, Боби е и најстарото куче досега, според Гинис. Кога се родил, неговиот сопственик имал само 8 години. „Боби е посебен, кога го гледам се сеќавам на луѓето кои беа дел од нашето семејство, а кои за жал веќе ги нема. Меѓу нив се татко ми, брат ми, дедо ми и баба ми“, изјавил Коста.

Треба да знаете
Последни објави