Search

АБА лига: Нанали му донесе „мајсторка“ на Партизан

Кошаркарите на Партизан успеаја да се изборат за решавачкиот трет натпревар од четвртфиналната плејоф серија за шампионот во АБА лигата, совладувајќи го домашниот Студентски центар во Подгорица со 81:79 (19:21, 21:19, 20:23, 21:16).

Домашниот тим беше рамноправен во поголемиот дел од натпреварот и имаше предност, но Џејмс Нанали на крајот реши. Тој прво имаше положување за гостите за водство од 78:75 на 49 секунди до крајот на натпреварот, а при 78:77, откако Звонимир Ивишиќ промаши дополнително слободно фрлање за израмнување, американскиот шутер погоди „тројка“ и му донесе победа на Партизан.

Нанали со 23 поени беше втор стрелец кај победничката екипа, зад Данте Ексум кој постигна 24 поени.

Стрелците на Студентскиот центар ги предводеше Флечер Меги со 15 поени. Звонимир Ивишиќ постигна 12 поени и имаше осум скока.

Пласманот во полуфиналето, во кое победникот од оваа серија ја чека Цедевита Олимпија од Љубљана, ќе го реши третиот меч закажан за понеделник (20 часот) во Белград.

Треба да знаете
Последни објави