Search

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски да им каже на неговите другари советници од СДС дека кога ги гласаат финансиските програми на Арсовска го банкротираат Скопје

Милионерот Каевски да им каже на неговите другари советници од СДС дека кога ги гласаат финансиските програми на Арсовска го банкротираат Скопје.

Да не беа СДС, ДУИ и Левица, Арсовска немаше да ги помине на Совет нејзините финансиски програми, а сега истите тие СДС се жалат дека градот е банкрот, а всушност тие ја помагаат таквата состојба.

Градот е банкрот и заради криминалните тендери. Еден таков тендер и набавката на гориво за ЈСП, каде од народни пари се плаќаат над 20 милиони евра, а нема рабат кој задолжително го имало во минатото. Штетите кои ги има буџетот на ЈСП и градот, само по основа на немање на рабат се над 1 милион евра.

Градот е банкрот, а државата во проблеми, поради таквите функционери како Каевски кои имаат имот кој надалеку ги надминува нивните приходи. Каевски кој во ДКСК пријавил само функционерска плата, има стекнато над 4 милиони и стан од 60м2. Како успеал Каевски да се стекне со овој имот треба да истражат институциите кои сега се заробени.

Треба да знаете
Последни објави