Search

Тим на ЈП Лајка почна да заловува бездомни кучиња на територијата во општина Гази Баба

Заловувачкиот тим на ЈП Лајка од денеска започна со стратешко заловување на бездомни кучиња во општина Гази Баба.

Оваа недела (15-19. април) ќе заловуваат бездомните кучиња во општина Гази Баба и тоа во следните реони: кругот на фабриката Железара, населба Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Стајковци и останатите населени места во општината.

Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман.

Доколку граѓаните од гореспоменатите реони имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на info@lajka.com.mk

Исто така граѓаните може и да помогнат во акцијата, со тоа што сами би пријавиле бездомно куче, кое можат сами да го донесат во стационарот со претходна најава.

Треба да знаете
Последни објави