Search

Европскиот синдикат за јавен сектор со поддршка на ССМ против 60-часовното работно време

 Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска информира дека поддршка во борбата против 60-часовното работно време што како можност се дава со пакетот закони за коридорите 8 и 10д, добиле и од Европскиот синдикат за јавен сектор. 

Во писмото од Европскиот синдикат за јавен сектор (EPSU) се наведува дека прекумерното работно време претставува сериозна закана за здравјето и безбедноста и ја загрозува испораката на безбедни и квалитетни јавни услуги.

– ITUC веќе укажа како предлозите се спротивставуваат на меѓународните стандарди на трудот. Понатаму би нагласиле дека како земја-кандидат, Северна Македонија треба да се погрижи да се усогласи со социјалното законодавство на ЕУ и, како што знаете, Директивата за работното време е апсолутно во центарот на вниманието. Се здружуваме со ITUC во повикувањето на Владата на Северна Македонија да ја повлече оваа иницијатива и целосно да се ангажира со социјалните партнери за секоја планирана ревизија на трудовото законодавство. Ние внимателно ќе ја следиме ситуацијата во консултација со нашите соработници во Северна Македонија и очекуваме позитивен одговор од вас за овие критични прашања, се вели во писмото.
 
Од EPSU велат дека ги загрижува што предлозите за реформа на трудот ќе им овозможат на работодавачите да ги заобиколат регулативите за работното време и да доведат до работно време од 60 часа неделно. 

Треба да знаете
Последни објави