Search

Пелистер без проблеми ја почна победнички серијата со ТФТ

Кошаркарите на Пелистер многу полесно од очекувањата дојдоа до првата победа во полуфиналната плејоф-серија со ТФТ (100:80). Битолчани прашањето на ппобедникот пред своите навивачи го решија за само пет минути, па се друго беше рутина.

На почетокот од натпреварот Пелистер направи предност од 19:2, која потоа ја задржаа до самиот крај.

Сеад Хаџифејзовиќ со 32 поени и 12 скока беше убедливо најдобар кај Пелистер, додека зад него беше Андреј Маслинко со 23 поени. Александар Костоски со 19 поени и шест асистенции беше прво име кај ТФТ.

Вториот меч од серијата што се игра до две победи е закажан за в четврток во СРЦ „Кале“ во Скопје. Ден претходно во истата сала ќе играат Работнички и МЗТ Скопје во серија во која „металците“ водат со 1-0.

Треба да знаете
Последни објави