Search

(Видео) Фудбалерите на Барса наместо прослава на шампионска титула спасуваа „жива глава“ од хулиганите на Еспањол

Барселона го совлада градскиот ривал Еспањол како гостин (2:4) и теоретски ја обвезбеди шампионската титула – 27 во шпанската фудбалска Ла Лига. Чави Ернандес, неговиот стручен штаб и сите играчи на Барселона започнаа со шампионското славје на средината на теренот, но тоа на крајот не испадна идеално сценарио, бидејќи мораа да спасуваат „жива глава“ пред налетото на хулиграните на Еспањол.

Најголем дел од навивачите на Еспањол со свирежи го испратија славењето на лутиот градски ривал, но оние најрадикалните собраа храброст и влетаа на теренот.

Бесните навивачи ги пробија барикадите од редарите и тргнаа кон ѕвездите на Барселона, кои брзо ја намирисаа опасноста и почнаа да бегаат во соблекувалната.

Фудбалерите на Барса успеаја навреме да стигнат до тунелот, а потоа најголема работа добија редарите и специјалците крај теренот.

Треба да знаете
Последни објави