Search

Партизан не го елиминира Реал, но заработи пристојно во евролигашкото натпреаврување

Белградски Партизан иако имаше предност од 2:0 во победи против шпанскиот Реал Мадрид во четвртфиналето од кошаркарската Евролига, во серијата кој прв до три победи не се пласира на завршниот турнир во Каунас. Српскиот тим имаше и 18 поени предност во решавачкиот петти натпревар во третата четвртина, но и тоа не му беше доволно да го запре налетот на Реал.

Актуелниот европски вицепрвак ја искорсити предноста на домашниот терен и со пресврт ја доби мајсторката со 98:94. Во полуфиналето на завршниот турнир ќе игра со лутиот ривал од шпанската кошаркарска сцена Барселона.

За Партизан европскиот дел од сезоната заврши. Утеха на „црно-белите“ ќе им биде заработката до која стигнаа за време на натпреварувањето во Евролигата.

Партизан заработи вкупно 1.470.112 евра. Партизан на тој начин доби 645.112 евра од Евролигата за освоеното шесто место, а заработи и 825.000 евра за победите, бидејќи секоја беше наградена со 37.500 евра, а Партизан имаше 22 од нив (20 во регуларниот дел и два во серија против Реал).

Овде не се вклучени парите заработени од продажба на ТВ права, билети, фан шоп и друга содржина што оди заедно.

Треба да знаете
Последни објави