Search

Кампацо ќе одбие 3 милиони евра од Ц. звезда за да се врати во Реал Мадрид

Аргентинската кошаркарска ѕвезда, Факундо Кампацо летово ќе се врати во тимот на шпанскиот Реал Мадрид, тврди „Мундо депортиво“. Ниту понудата од Црвена звезад вредна 3 милиони евра нема да го предомисли Кампацо да го продолжи престојот во Белград, пренесуваат шпанските медиуми кои се навраќаат на оваа тема откако пред нешто повеќе од еден месец тоа беше демантирано од старна на „црвено-белите“.

Според „МД“, Кампацо веќе разговарал со Хуан Карлос Санчез, претседателот на кошаркарската секција на Реал Мадрид кога Ц. звезда гостуваше во Барселона на 17 март. Овој разговор бил направен без одобрение и знаење на српскиот евро-аба лигаш.

Шпанците додаваат дека Кампацо ќе заработува помалку од понудата од Белград, но и од понудите на Монако и Анадолу Ефес – само милион евра.

Кампацо одигра 9 меча за Ц. звезда во Евролигата и имаше просек од 15 поени и 5.9 асистенции.

Треба да знаете
Последни објави