Search

Вардар не дозволи ново изненадување со Алкалоид – ќе го брани трофејот во Купот

Вардар в сабота (18 ч.) во Охрид против лутиот ривал Еурофарм Пелистер ќе го брани трофејот во Купот на Македонија. „Црвено-црните“ во полуфиналето го совладаа Алкалоид (31:22) и му се реваншираа за суперлигашкиот пораз кој ги запре во трката за одбрана и на шампионската круна токму со Пелистер, кој ја доби решавачката пресметка со скопјани во Битола пред една недела.

Вардар до очекуваниот полуфинален триумф беше предводен од голман Мартин Томовски кој имаше 17 интервенции од кои 11 во првиот дел, и крилото Дејан Манасков кој заврши со 12 голови.  

Пелистер во првото полуфинале денеска без проблеми го победи Пролет со 28:21 за ново финале и шанса за двојна круна, откако после победата во дербито во првенството дојде на два чекори од шампионската круна.

Треба да знаете
Последни објави