Search

Убиецот Урош во „мерцедесот“ чувал ранец за достава на храна за да ги задскреи трагите на оружјето и муницијата

Во селото Шепшин кај Младеновац полицијата го пронашла „мерцедесот“ од кој на 4 мај во доцните вечерни часови Урош Б.(21) пукал во невини жители на селата Мало Орашје и Дубона. Покрај оружје, во него бил пронајден и ранец за достава на храна, пренесуваат медиумите кај северниот сосед, каде меѓу граѓаните сеуште владее тага и вознемиреност од „филмските“ убиства кои им се случија изминатата недела.

Во автомобилот на убиецот Урош се пронајдени три празни шаржери за автоматска пушка, неколку рачно изработени бомби, многу муниција и пиштоли. За да ги задскрие трегите од грозоморниот чин кој го направи, како и арсеналот оружје кој го поседувал во автомобилот носел и ранец за достава на храна. Како што пренесува Телеграф.рс, Урош го имал ранецот во автомобилот за да не биде сомничав, доколку биде запрен од полицијата при неговото бегство, да се претстави како доставувач на храна кој случајно се нашол на пат.

Возилото било скриено на околу еден километар од главниот пат. Жителите на Шепшин, но и на околните села се посомневале дека автомобилот на Урош е на еден од земјените патишта во Шепшин, но претпоставувале дека е заглавен.

Во куќата на таткото на осомничениот за масакрот во Младеновац пронајден е арсенал оружје. Селото изминативе денови е преполно со полиција.

Урош го започна масакрот во селото Мало Орашје. Таму ги убил Марко М.(18), Александар М.(18), Н.М.(15), Лазар М.(20) и Немања С.(21). После тоа седнал во „мерцедесот“ и продолжил да сее смрт во селото Дубона, каде ги убил полицаецот Милан П., неговата сестра Кристина П. и Далибор Т.

Потоа побегнал. Се ослободил од пиштолот, автомобилот и мобилниот телефон. Од куќа во село Шепшин украл автомобил со кој се упатил кон Мали Пожаревац, каде запрел таксист и под закана со бомба го принудил да го однесе во селото Вињиште кај Крагуевац каде беше откриен и упасен.

Според неофицијални информации, вештината на пукање, како што изјавил и самиот, ја стекнал со вежбање на отворено. Мотивот за пукањето во него било тоа што, според него, луѓето го нарекувале со погрдни имиња и често го озборувале него и неговото семејство.

Треба да знаете
Последни објави