Search

Хоспитализиран норвешкиот крал Харалд

Норвешкиот крал Харалд Петти е хоспитализиран поради инфекција,
соопшти прес-службата на палатата.

„Неговото височество е во болница и е примен на Националната клиника. На кралот му е дијагностицирана инфекција која треба да се лекува и затоа ќе остане во болница неколку дена. Неговата состојба е стабилна“, се вели во соопштението.

Се очекуваше кралот да учествува на денешните прослави на Денот на ослободувањето на
Норвешка од германската окупација и на Националниот ден на ветераните, кој се слави на 8 мај, но поради болест ќе ја пропушти свечената церемонија која традиционално се одржува во средновековната тврдина Акершус во Осло. На настаните ќе учествува престолонаследникот принц Хакон.

Кралот Харалд Петти има 86 години. Во 2022 година исто така беше хоспитализиран поради инфекција.

Треба да знаете
Последни објави