Search

Фулам во натпревар со осум гола го победи Лестер

Фудбалерите на Фулам во натпревар со осум гола го совладаа Лестер со 5:3 во рамките од 25-тото коло во Премиер лигата.

Со овој пораз Лестер дојде поблиску до испаѓље во Чемпионшип. Фулам денес им оджа час по фудбал на „лисиците“ кои изгледаа катстрофално во одбраната. Се започна во 10-тата минута кога Вилијан веројатно сакајќи да нафрли постигна гол по лошата реакција на голманот Ивересен.

Само осум минути подоцна Вилсон го проигра Карлос Винисиус кој погоди за 2:0. Во финишот од првото полувреме Керни стрелаше и најави катастрофа за Лестер. По шест минути игра во вториот дел Керни со својот втор погодок зголемува на веќер 4:0.

Лестер не се откажа и малку фалеше да се врати во натпреварот. Барнс во 59-тата минута погоди по асистенцијата од Медисон, а потоа Варди во 66-тата минута промаши пенал. По тој промашен пенал Вилијан казнува за 5:1. До крајот Лестер доби уште еден пенал ко јво гол го претвори Медисон, Барнс во 89-тата минута ги постави конечните 5:3.

Лестер е 16-ти со 30 бода колку што имаат Лидс и Нотингем (натпревар помалку), бод помалку има Евертон. „Лисиците“ ги чека тешка задача затоа што во последните три кола играат против Ливерпул, Њукасл и Вест Хем.

Треба да знаете
Последни објави