Search

ПФД2023 пред-настан: Унијата да испорачува, додека земјите од регионот позитивно се натпреваруваат

Денес во Министерството за надворешни работи, се одржа панел дискусијата насловена „Патот до 2030″, како воведен настан на овогодинешниот Преспа Форумот за дијалог, кој ќе се одржи во Струга, 15 и 16 јуни под наслов „Проширено европско семејство до 2030: (не) возможна мисија?”.

На панелот, домаќинот на панел дискусијата, заменикот на Претседателот на Владата за Европски прашања, Бојан Маричиќ, ја истакна важноста од продолжувањето со суштински реформи преку инструментите на ЕУ.

“Минатата година ги започнавме преговорите, на 19 Јули, скринингот ни е извонредно корисен, бидејќи ни дава можности и да презентираме до каде сме, но исто така и да добиеме прашања и да дознаеме која е состојбата во Европската Унија денес, во однос на клучни теми и клучни области. Покрај скринингот, имаме скрининг извештаи врз основа на кои ќе треба да се направат клучните инструменти- патоказите”, рече Маричиќ.

На панел дискусијата, свое обраќање имаа: Крисела Хацкај (Cooperation and Developement Institute- CDI), Марија Симеонова (European Council on Foreign Relations- ECFR), Миралем Турсиновиќ (BiH ALF Network), Алехандро Естесо (Friends of Europe), Срѓан Мајсторовиќ (European Policy Centre- CEP), Ференц Немет (Institute for Foreign Affairs and Trade- IFAT).

На оваа панел дискусија претходеше панел дискусија со претставници на младинските организации, на која воведно излагање имаа државниот секретар на Министерството за надворешни работи, Филип Тосевски и амбасадорката на Кралството Шведска во Скопје, Ами Ларсон Џејн, во својство на шведското актуелно претседавање со Советот на ЕУ.

Државниот секретар Тосевски акцентот го стави врз младите и нивниот ангажман во процесот нa европеизација на Северна Македонија.

Шведската амбасадорка Ами Ларсон Џејн, пак, при своето обраќање подвлече дека од граѓаните на Северна Македонија зависи дали до 2030 година земјата ќе успее да стане полноправна членка на Унијата, односно дали ќе го користат моментумот.

Со свои гледишта на темава придонесоа и претставниците на младинските организации -коишто активно ја следат политиката на проширување на ЕУ: Маријана Ангелова (Национален младински совет), Ѓорѓи Тасев (Советник на Премиерот за младински политики), Селвије Мустафи (Romano Avazi), Блажен Малески (Regional Youth Cooperation Office- RYCO), Дамјан Златановски (Млад европски амбасадор), Нами Исаки (Center for Intercultural Dialogue- CID) и Мила Јовановска (GoGreen).

Треба да знаете
Последни објави