Search

Пелистер за десет минути го визираше настапот во полуфиналето за титулата во мак-баскетот

Битолски Пелистер ја искористи предноста на домашниот терен во четвртфиналната серија кој прв до две победи против Феникс (81:56) и се пласира во полуфиналето од разигрувањето за шампионската титула во мак-баскетот. „Зелените“ дома во третата средба го суредија Феникс за десет минути и така со 2:1 ја добија четвртфиналната серија. Пелистер во полуфиналето ќе игра против ТФТ, додека во другиот дуел се среќаваат лутите градски ривали МЗТ Скопје и Работнички.

Феникс иако не можеше да смета на Бојан Трајковски и за овој меч, одлично се држеше во првото полувреме во Битола. По две четвртини Пелистер замина на пауза само од два поени разлика 36:34.

Решавачка за конечниот исход беше третата четвртина која Пелистер ја доби со 26:11, па во последните десет минути само дополнително ја зголеми разликата против грогираниот противник и на крајот прокнижи убедлив триумф 81:56.

Стајиќ со 19 поени беше најефикасен кај Пелистер, но најдобар беше Маслинко со 17 поени и 14 скокови. Во составот на Феникс, Хот имаше дабл-дабл учинок со 22 поени и 11 скокови.

Треба да знаете
Последни објави