Search

Струга ТЛ на две кола пред крајот се промовираше за првпат во клупската историја во шампион на Македнија

Струга ТЛ првпат во својата кратка историја стана шампион на Македонија на две кола пред крајот на фудбалскиот шампионатот во прволигашката конкуренција со победата над Силекс (3:0) на две кола пред крајот на сезоната. За ваков расплет им се погоди и триумфот на досегашниот шампион Шкупи над Шкендија (2:1). Струга има предност од седум поени на само две кола пред крајот на шампионатот.

Со ова стружани ја потврдија својата фантастична сезона, во која го зазедоа врвот на табелата уште од самиот почеток на шампионатот и до крајот не дозволија да потфрлат, дури и со промената на тренерот Срѓан Захариевски и пристигнувањето на Шпетим Дуро.

По повеќе шанси во првото полувреме, ветеранот Бесарт Ибраими им донесе водство на домаќините во 43. минута, за во второто полувреме да додадат уште два гола во мрежата на кратовчани – капитенот Бунјамин Шабани во 46. минута зголеми на 2:0 со гол од пенал, за во 77. минута да стрела повторно за убедлива победа за титула на клубот кој е формиран само пред осум години, поточно во 2015 година.

На „Чаир“, пак, Шкендија прва дојде во водство со одличниот гол на Ералдо Чинари во 17. минута, но Шкупи успеа бргу да израмни преку Сандеј Адетунџи во 28. минута.  Дарко Илиески во 77. минута осигура трите поени и второто место да останат во Скопје.

Во преостанатите три меча од 31. коло не недостасуваа голови – Македонија Ѓорче Петров со 7:0 го декласираше новиот второлигаш Победа, Тиквеш приреди изненадување со 4:1 победа на гости кај Академија Пандев, додека во драматичен меч во Скопје, Работнички со 5:4 ја совлада Брегалница.

ПРВА ЛИГА, 31.КОЛО
Академија Пандев – Тиквеш 1:4
Македонија Ѓорче Петров – Победа 7:0
Работнички – Брегалница 5:4
Шкупи – Шкендија 2:1
Струга – Силекс 3:0

ТАБЕЛА: Струга ТЛ 62, Шкупи 55, Шкендија 54, Силекс 44, Македонија ЃП 39, Брегалница 37, Работнички 37, Тиквеш 34, А. Пандев 26, Скопје 22, Победа 13.

ИДНО КОЛО (10 МАЈ): Брегалница – А. Пандев, Шкендија – Струга ТЛ, Шкупи – Македонија ЃП, Силекс – Работнички, Тиквеш – Скопје. Слободна е Победа.

Треба да знаете
Последни објави