Search

Васоски ја напушти тренерската клупа на Академија Пандев

Александар Васоски повеќе не е тренер на фудбалскиот прволигаш Академија Пандев. По денешниот убедлив пораз на домашен терен од Тиквеш (1:4), Васоски одлучи да поднесе неотповиклива оставка од местото шеф на стручен штаб на „Академците“ на две кола до крајот на сезоната.

Академија Пандев го обезбеди опстанокот во Првата лига, а јасно е дека од првенството испаѓа Победа, а Скопје ќе игра бараж.

Васоски сезонава се врати во Академија Пандев, откако претходно го водеше овој тим, а потоа замина во Сараево, од каде се врати и повторно застана на чело на „пандевци“.

Во минатото беше тренер и на Вардар, со кој ја освои шампионската титула во ПМФЛ

Треба да знаете
Последни објави