Search

Април беше еден од постудените месеци во Грција во однос на изминатите 14 години

Во април годинава просечната вредност на максималните дневни температури во Грција варирала пониско од просекот за истиот месец во периодот 2010-2019 година, а во одредени области во земјата бил најстудениот април во последните 14 години, согласно податоците од Националната опсерваторија на Атина и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина.

Во западна Грција и Јонското море, оваа година бил најстудениот април од 2010 година, додека пак во континенталниот и северниот дел на земјата и на Пелопонез бил втор најстуден април по 2011 година.

Податоците и споредбите на температурите се добиени од мрежата од 51 метеоролошка станица на Националната опсерваторија и на порталот Метео.

Треба да знаете
Последни објави