Search

Арсенал го истури бесот врз Челзи

Екипата на Арсенал после три нерешени и еден пораз во серија во англиската Премиер лига, конечно забележа победа и тоа против градскиот ривал Челзи со 3-1.

Со оваа победа Арсенал се искачи на лидерската позиција на табелата, но “топчиите“ имаат два натпревари повеќе од Манчестер Сити.

Победникот на овој натпревар беше најавен уште во првото полувреме кое Арсенал го доби со убедливи 3-0. Одегард постигна два погодоци, додека Жезус еднаш стрелаше прецизно во голот на Челзи.

Почесниот погодок на Челзи беше дело на Нони Мадуеке во 65-тата минута.

Треба да знаете
Последни објави