Search

Тепачката може да биде решавачка во четврфиналната серија меѓу Партизан и Реал!

Скандалот кој се случи на синоќешниот предвреме завршен кошаркарски натпревар од четвртфинбалната серија во Евролигата помеѓу Реал Мадрид и Партизан е главна тема. Партизан кој имаше предност од од 15 поени (80:95) на нешто повеќе од една минута пред крајот го дби мечот со постигнатиот резуклтат и поведе со 2:0 во победи во трката кој прв до три триумфи, но иако двата наредни меча ги игра пред своите навивачи настапот на завршниот турнир не му е сигурен. Кошаркарските стручњаци и аналитичари предупредуваат дека токму тепачката во Мадрид за која виновни беа домашните кошаркари може да биде решавачка во серијата.

Во очекување на казните за актерите, учесници во скандалот на паркетот од Евролигата, хрватските медиуми се занимаваат без кои играчи би останале во доигрувањето Партизан и Реал Мадрид.

Според нив Реал има предност. Се напоменува дека ако Евролигата се држи до правилата кај Партизан би биле суспендирани тројца кошаркари, а кај Реал двајца.

„Партизан би можел дури три натпревари да остане без својот најдобар играч Кевин Пантербез вториот најдобар Матијас Лесор и важниот Данте Егзум кој заработи повреда. Ќе остане и без веројатно уште неколкумина кои удираа противнички кошаркар“, пишува „Спортске новости“.

Се напоменува дека Реал ќе остане без двајца важни кошаркари, но тоа за нив можеби и нема да биде голем проблем.

„Реал ќе остане без Жерсон Јабуселе и Габриел Дека, тие се важни, меѓутоа Реал може лесно да ги замени. Реал има многу подолга клупа од Партизан“, се додава во текстот и се потрнцира дека кај „кралевите“ би можел да се врати и Валтер Таварез за наредните натпревари, па така серијата сметаат дека е далеку од завршена и покрај убедливата предност по двете победи во Мадрид која ја има српскиот претставник, кој во Белград ќе има поддршка и од повеќе од 20.000 громогласни домашни навивачи.

Треба да знаете
Последни објави