Search

(Видео)„Гробари“ со феноменален дочек за кошаркарите сред ноќ во Белград

Партизан стигна до 2:0 во победи против Реал Мадрид и тоа благодарение на две те победи на гостински терен. На српскиот тим сега му останува да триумфира уште еднаш за да се избори за место во фајнл-фор завршницата на кошаркарската Евролига.

Вториот дуел во Мадрид го одбележа големиот инцидент пред крајот на средбата, кога сите кошаркари беа дел од жестока тепачка, па судиите мораа предвреме да го завршат мечот, затоа што буквално сите кошаркари на двата тима беа исклучени.

Партизановци доцна во ноќта се вратија во Белград, а таму на аеродромот добија феноменален пречек. Нивните верни навивачи беа на аеродромот за да ги поздрават и да им ги честитаат двете неочекувани победи во Мадрид. Пораката од Гробари до тренерот Жељко Обрадовиќ беше јасна со скандирањето „Освои ја Жељко евротитулата“.

Треба да знаете
Последни објави