Search

Блинкен ги поддржа последните наметнати одлуки на Шмит

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД целосно ги поддржуваат последните одлуки на високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, со кои тој го деблокира формирањето на влада на Федерацијата БиХ.

„САД целосно ги поддржуваат активностите на високиот претставник да и помогне на Босна и Херцеговина да се движи кон евроатлантските интеграции. На народот на Босна и Херцеговина им е потребна и заслужува функционална, ефикасна и одговорна влада“, објави Блинкен на својот официјален профил на Твитер.

Шмит вчера наложи одлуки кои ќе овозможат формирање нова влада на Федерацијата БиХ, за чие именување повеќе не е потребна согласност од сите членови на раководството на тој ентитет.

Во Сараево почна седницата на Претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина, на која треба да се избере нова влада, која ќе ја сочинуваат ХДЗ и другите хрватски партии, од една страна и про босанските партии се собраа околу „Тројката“ (СДП, Народ и Правда и партијата Наша).

Пред зградата на Парламентот се одржува протест на граѓаните кои се противат на одлуката на Шмит.

Околу зградата и во зградата на Парламентот се распоредени силни полициски сили.

Треба да знаете
Последни објави