Search

Димитриевски по 362 минути прими гол од Барса, но Рајо победи

Рајо Ваљекано забележа значајна победа од 2-1 над Барселона во борбата за излез во фудбалска Европа. Сепак, она што нас не интересира е тоа дека репрезентативниот голман Столе Димитриевски одбрани одлично, иако неговата мрежа после 362 минута е затресена во дуелите против каталонскиот гигант.

Составот од Мадрид станува вистински проблем за каталонците, а најдобар доказ за тоа е што фаворитот не знае за триумф во последните четири лигашки дуели. Рајо во минатата сезона двапати ја доби Барса со по 1-0, првиот овосезонски меч на „Камп Ноу“ заврши без голови.

Домашните одлишно го отворија натпреварот и веќе во 19-тата минута дојдоа во водство од 1-0 со погодокот на Алваро Гарсија.
На стартот на второто полувреме, односно во 53-тата минута веќе беше 2-0 за Рајо Ваљекано, откако Фран Гарсија го пронајде патот до мрежата на Барселона.
Почесниот погодок за Барселона беше дело на Роберт Левандовски во 83-тата минута со што ги постави конечните 2-1 за Рајо Ваљекано на овој натпревар.
Барселона останува на лидерската позиција со 76 бодови, 11 повеќе од Реал Мадрид на 7 натпревари пред крајот на шпанското првенство. Рајо Ваљекано со оваа победа се искачи на 9-тата позиција со 43 поени и е многу блиску да обезбеди излез во фудбалска Европа.

Треба да знаете
Последни објави