Search

Десетта шампионска титула за одбојкарите на Струмица Никоб

Струмица Никоб е старо-нов македонски одбојкарски шампион. Струмичани вечерва на домашен терен во финалето од плејофот го совладаа ГОК Борец и со 3:0 во победи ја завршија серијата со велешани.

Конечниот резултат на вечерашниот дуел е 3:0, по сетови 25:18, 26:24 и 25:19. Најнеизвесно беше во вториот сет. Домаќини се извлекоа, спасија две сет топки, направија серија од 4:0 и од 22:24 на крајот го добија сетот.

За Струмица оваа е јубилеен, 10-ти шампионски трофеј во домашниот одбојкарски шампионат.

Треба да знаете
Последни објави