Search

ФИФА прими четири кандидатури за организација на женскиот Мундијал 2027

Четири кандидатури се поднесени за организација на женското Светското фудбалско првенство во 2027 година, објави денеска ФИФА.

Заедничка кандидатура поднесоа САД и Мексико, потоа Холандија, Белгија и Германија, а интерес изразија и Бразил, како и Јужна Африка.

Домаќинот на женскиот Мундијал 2027 ќе биде избран во мај 2024 година.

„Одушевени сме од покажаниот интерес, и не само затоа што доаѓа од земји членки со силна фудбалска традиција кои претставуваат четири конфедерации, со што се потврдува континуираната популарност на женскиот фудбал ширум светот“, изјави генералната секретарка а ФИФА, Фатма Самура.

Годинешното Светско првенство за фудбалерки ќе се одржи во Австралија и Нов Зеланд, од 20 јули до 20 август.

Треба да знаете
Последни објави