Search

Ристоска: Советот на јавни обвинители да се реформира и да се разгледа опцијата да биде ад хок тело

Советот на јавни обвинители да се реформира и да се разгледа опцијата да биде ад хок тело кое ќе се состанува по потреба, предлага обвинителката Ленче Ристоска, пренесе Телма ТВ.

Според обвинителката, ова тело од формирањето во 2008 досега потфрли во исполнувањето на примарната функција, професионализација на ЈО и изолирање на политички и други влијанија при избори и разрешување на обвинителите.

„Сè додека членови на Советот на кандидатите што аплицираат за повисоки позиции отворено им кажуваат дека некој треба да се јави за кандидатот да биде избран, јасно е дека Советот е избор на тргување со влијание во обвинителството и затоа сметам дека треба да се реформира. Подоцна, изборот што Советот го прави, креира клиентелистички однос на јавните обвинители кон тие што лобираат за нивниот избор и сето ова неминовно води кон систем што не може да одговори во борбата со корупцијата и организираниот криминал“,вели Ристоска.

Обвинителката своите ставови ги изнесе денеска како еден од говорниците на конференција посветена за улогата на Судскиот и Советот на јавни обвинители во стекнувањето независност и интегритет во судството, организирана од Националната конвенција за ЕУ во Република Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави