Татко си ја тепал ќерката во Србија, ја заклучил и и удирал шамари, на жената и се заканувал со морничави пораки

Маж (46) од околината на Сопот е уапсен поради сомнение дека минатата недела ја претепал својата ќерка (16), што било откриено кога девојчето отишло на лекар поради повреди по телото, а осомничениот бил насилен и кон жената, т.е мајка на девојчето, а на социјалните мрежи и упатувал морничави закани.

Девојчето им кажало на лекарите дека татко и најпрвин ја заклучил во соба, каде што ја удирал, ја тепал и давел на креветот затоа што сакала да оди кај мајка си, а таа успеала да му побегне на таткото насилник и да побара лекарска помош.

Уапсениот пред еден месец го оставила сопругата бидејќи ја малтретирал. Сопругата на насилникот пријавила во полиција, но тој не се променил.

Ја навредувал жената на социјалните мрежи, ја нарекувал со најпогрдни имиња и и се заканувал. Наводно, тој одеднаш помислил дека сопругата го изневерува.

„И се закануваше нејзе и на нејзиниот наводен љубовник, пишуваше дека ќе ги тепа сите, како и разни други вулгарности и гадости“, велат сведоци од истрагата.

На осомничениот му е одреден притвор.

Треба да знаете
Последни објави