Search

Базел, Вест Хем, Фиорентина и АЗ Алкмар во полуфиналето од Конференциската лига на УЕФА

Екипите на Базел, Вест Хем, Фиорентина и АЗ Алкмар ќе играат во полуфиналето на третото по ранг клупско фудбалско натпреварување на УЕФА, Конференциската лига. Во полуфиналето ќе се сретнат: Фиорентина – Базел и Вест Хем – АЗ Алкмар.

Вест Хем без поголеми проблеми забележа убедлива победа на домашен терен од 4:1 против Гент. Првиот натпревар во Белгија заврши 1:1.

Базел многу потешко стигна до пласман меѓу најдобрите четири во ова натпреварување во двомечот со Ница совладувајќи ја со 2:1 во продолжение. Првиот натпревар во Швајцарија заврши 2:2, а вечерва во регуларниот дел дуелот немаше победник 1:1. Ница поведе преку Лаборд, а резултатот го израмни Августин. Победата за Базел ја донесе Адамс во осмата минута од првото продолжение.

Холандскиот АЗ Алкмар по изведување на пенали го елиминира Андерлехт (4:1 на пенали) откако во регуларниот дел и по двете продолженија мечот заврши 2:0 како и првата пресметка. Белгијците имаа предност од 2:0 од првиот натпревар, но таа беше анулирана после само 13 минути игра на денешниот натпревар. Фудбалерите на АЗ Алкмар беа далеку поуспешни и ги реализираа сите четири пенали, а Андерлехт само еден.

 Фиорентина го елиминира полскиот Лех благодарение на победата од првата средба одиграна во Полска каде славеше со 4:1. Лех поведе во Фиренца со 3:0, но не издржа до крајот, бидејќи домаќините се созедоа од шокот и постигнаа два гола за конечни 2:3 што им беше доволно да се пласираат во полуфиналето.

Треба да знаете
Последни објави