Search

Јувентус судски ги доби одземените 15 бода и направи збрка во Серија А

Најтрофејниот италијански фудбалски клуб Јувентус ја доби првата правна битка и ќе може да смета на одземените 15 бода со кои во моментов се врати на третото место во Серија А. Жалбата од „старата дама“ пред федералниот суд е усвоена, па клубот до следното судење ќе може да смета на бодовите освоени на зелениот терен. Не е познато дали Јувентус трајно ќе ги задржи бодовите или повторно ќе му бидат одземени во следниот месец. Следува ново судење во наредниот период со тоа што истото може да се оддолжи и по крајот на сезоната што во овој случај би значело дека евентуална нова казна за Јуве би важела за наредната сезона 2023/2024.

Процесот против Јувентус е отворен поради финансиски малверзации, односно беше обвинет за употреба на лажен капитал во финансиски книги и плаќање на играчи под маса за време на пандемијата со КОВИД-19. Усвоени се и жалбите на Павел Недвед и на уште пет членови на управниот одбор, но не и оние на поранешниот претседател Андреа Ањели, поранешниот директор Фабио Паратичи, Маурицио Арибавене и Федерико Черибуни.

Јувентус сега е на третата позиција со 59 бода зад Лацио со 61 и лидерот Наполи со 75. Клубот од Торино ги прескокна Рома со 56, Милан 53 и Интер со 51 бод што значи дека борбата за позициите кои ностат настап во Лигата на шампионите дополнително ќе се разгорува.

Треба да знаете
Последни објави