Search

Јокиќ пак испиша историја во НБА

По убедливата победа во првиот натпревар од НБА плеј-офот, кошаркарите на Денвер забележаа нова победа во вториот натпревар – поразена е Минесота со 122:113.

Српскиот центар Никола Јокиќ на овој меч запиша 27 поени, 9 скока и 9 асистенции. Најефикасен во тимот на Денвер беше Џамал ​​Мареј со 40 поени.

Она што треба да се напомене е дека Никола го одигра својот 50-ти меч во плеј-офот во кариерата и со тоа ја испиша историјата на НБА.
Имено, Јокиќ во 50 плејоф натпревари во НБА оствари просечен учинок од 25 поени, 10 скока и 5 асистенции и е единствен со оваа статистика.

Треба да знаете
Последни објави