Search

Навивачите на Партизан за еден ден собраа 500.000 евра за долгот на клубот

Навивачите на Партизан се вистински хит сезонава во Евролигата каде што неколку пати го рушеа рекордот по бројот на посетеност, а својата љубов кон клубот ја докжаа и со донациите за исплата на заостанатиот данок.

Во интервју за „Моцарт Спорт“, првиот човек Остоја Мијаловиќ откри дека за еден ден од навивачите собрале неверојатни 500.000 евра.

„Прво акцијата ја започнаа околу 2.000 навивачи и на почетокот бевме скептични, не знаевме дали воопшто да ја прифатиме, но на крајот се одлучивме да им дадеме шанса на навивачите да ни помогнат. Внатре во клубот ќе собереме 1.6 милиони евра што исто така е добра основа за застанување на нозе. Најголем дел од долгот е од времето на пандемијата, тогаш загубивме многу пари затоа што не продававме билети“, изјави Мијаловиќ.

Исто така, тој откри дека само од билети клубот сезонава заработил пет милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави